Њујорк: Ирачкиот владин совет бара усвојување резолуција за Ирак

Ирачкиот владин совет испрати писмо до Советот за Безбедност на Обединетите Нации во кое се бара усвојување на резолуцијата за временскиот рок на предавањето на власта на ирачката привремена влада. Советот за резолуцијата треба да гласа до 15 декември. Предвидено е предавањето на власта на привремената влада да се изврши до јуни идната година, а општите избори до крајот на 2005 година.