Вашингтон: Делумно олеснети рестрикциите за воена помош за некои земји

Американскиот претседател Џорџ Буш делумно ги олесни рестрикциите на американската воена помош за Бугарија, Словенија, Естонија, Летонија, Литванија и Словачка. Оваа помош беше суспендирана во јули годинава бидејќи шесте земји не го потпишаа договорот за непредавање на американски граѓани на постојаниот Меѓународен кривичен суд. Во синоќешниот меморандум Буш оценува дека олеснувањето на рестрикциите за воената помош за овие земји се однесува само на специфични проекти, како например за потребите за операциите во Ирак и Авганистан.