Истанбул: Загинати и повредени во неколку експлозии

Денеска во Истанбул се случиле неколку експлозии во кои имало загинати и повредени. До експлозиите дошло скоро истовремено. Информациите што доаѓаат од Истанбул се контроверзни, од бројот на експлозиите, до бројот на жртвите. Според болнички извори, во денешните експлозии загинале најмалку шест лица, а над стотина биле повредени. Инаку, засега официјално е потврдено за три експлозии и тоа пред британскиот конзулат, пред канцелариите на една меѓународна банка чие седиште е во Лондон и во еден трговски центар. Агенциите јавуваат дека на овие згради има причиното огромна материјална штета. Турскиот министер за внатрешни работи Абдулкадир Аксу денешните експлозии ги поврза со оние од минатата сабота во две синагоги во Истанбул кога загинаа дваесет и пет луѓе. Одговорноста за тие напади ја презеде Ал Каида.