Лондон: Закажани големи демонстрации против посетата на Џорџ Буш

Во Лондон за денеска попладне се закажани големи демонстрации против официјалната посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Велика Британија и против војната во Ирак. Организаторите очекуваат на маршот до седиштето на британската влада да учествуваат над сто илјади луѓе. Големи полициски сили се разместени во градот не само поради протестите, туку и поради страхувањата од терористички напади за време на престојот на претседателот Буш во Британија. Тој денеска разговораше со премиерот Тони Блер.