Варшава: Самит на ЦЕИ

Премиерите на земјите од Централно Европската Иницијатива денеска и утре во Варшава се очекува да дискутираат за редефинирање на улогата на ЦЕИ по проширувањето на Европската Унија во идната година. Како што е познато, тогаш во Унијата ќе влезат повеќе членки Иницијативата која пред четиринаесет години беше создадена со цел да бидат зацврстени врските меѓу земјите од Централна и Источна Европа. На самитот во Варшава учествува и македонскиот премиер Бранко Црвенковски.