Брисел: ЕУ и САД остануваат поделени за иранската нуклеарна програма

Европската Унија и Соединетите Држави остануваат поделени околу иранската нуклеарна програма пред клучниот состанок во Виена на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија. Вашингтон смета дека на состанокот кој започнува утре треба да се објави дека иранската програма не е во согласност со Договорот за неширење на нуклеарното оружје и дека не постојат механизми за запирање на Иран во драфт резолуцијата што ја предлагаат Британија, Франција и Германија.