Лондон: Средба на Џорџ Буш со британската кралица Елизабета

Американскиот претседател Џорџ Буш, кој доцна синоќа пристигна во Лондон, денеска се сретна на традиционална церемонија со британската кралица Елизабета во Бакингемска палата каде што и ке престојува, а потоа ќе одржи говор за одлуката за војна во Ирак. Според американски извори, Буш планира да зборува за тоа дека историјата покажува оти постојат времиња кога, како сега со Ирак, е неопходна употреба на сила за да бидат одбранети мирот и демократските вредности. Во Лондон илјадници припадници на британските и американските сили презедоа огромни безбедносни мерки поради демонстрациите против американскиот претседател и одлуката на премиерот Тони Блер за учество во ирачката војна.