Рим: Во Италија Ден на жалост

Во Италија денеска е ден на жалост за 19-мината италијанци, кои беа убиени пред 6 дена, при експлозијата во нивната база во ирачкиот град Насирија. Италијанските синдикати повикаа на 10-минутен прекин на работата, а стотици илјади граѓани во Рим им оддаваат почит на загинатите.