Брисел: Разговори на Колин Пауел со шефовите на дипломатиите на ЕУ

Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска во Брисел ќе разговара со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и со оние што на Унијата ќе и се приклучат во наредната година. Целта на состанокот е да се утврди заедничка позиција во врска со иранската нуклеарна програма, ситуацијата во Ирак и на Блискиот Исток. Пауел изрази несогласување со ставот на евро-комесарот Хавиер Солана дека Иран е искрен во врска со нуклеарната програма.