Анкара: Турција ги испитува двете експлозии во Истанбул

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските разузнавачки служби ги испитуваат наводите дека терористичката мрежа Ал Каида е одговорна за експлозиите на автомобили бомби во две синагоги во Истанбул при што загинаа дваесет и три лица. Два арапски весника од Лондон објавија дека добиле порака од Ал каида во која се наведува дека ги извршила нападите. Во пораката Ал каида предупредува дека вакви напади ќе извршела и во Британија, Италија, Австралија и Јапонија.