Берлин: Средба Трајковски - Рау

Македонскиот претседател Борис Трајковски денеска во Берлин треба да се состане со претседателот на Германија Јоханес Рау, со канцеларот Герхард Шредер и со шефот на дипломатијата Јошка Фишер. Се очекува Трајковски да ги информира за намерата на Македонија да поднесе барање за членство во Европската Унија во февруари идната година.