Вашингтон: Критики за извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија за Иран

Американскиот државен потсекретар Џон Болтон го критикуваше извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија во кој се наведува дека Иран не се обидувал да развие нуклеарно оружје. Во извештајот се вели дека Иран пристапил кон продукција на ниво на оружен плутониум но дека нема знаци оти Техеран тајно развивал оружје. Според Болтон, иранските напори за развој на нуклеарните капацитети имаат смисла само како дел од оружена програма.