Ријад: Саудискиот крал рече дека ќе им возврати на исламските екстремисти

Саудискиот крал Фахд денеска предупреди дека неговата земја силно ќе им возврати на исламските екстремисти за кои се сомнева дека го извршиле нападот во Ријад кога загинаа најмалку осумнаесет луѓе. Во соопштението од кралскиот кабинет се наведува готовноста на Саудиска Арабија со челична тупаница да удри по сите оние што ќе се обидат да ги нарушат безбедноста и стабилноста на земјата.