Киев: Разговори Кучма - Патен

Денеска во Киев се одржуваат разговори меѓу Украинскиот претседател Леонид Кучма и еврокомесарот Крис Патен за загриженоста на Украина околу трговските загуби на земјта поради проширувањето на Европската Унија. Украина смета дека ке изгуби стотици милиони евра при извозот во централните и источно европските земји поради промените на договорите на Унијата со новите земји членки. Унијата и понуди на Украина 448 милиони помош на Украина до 2006 година. Од друга страна се очекува Патен да изврши притисок врз Кучма со цел претседателските избори идната година да бидат фер и демократски.