Токио: Коалицијата на Коизуми победи на изборите

Коалицијата на јапонскиот премиер Јунихиро Коизуми е победник на парламентарните избори иако довербата во владата е значително намалена, а е забележан пораст на главната опозициона Демократска партија. Коизуми бараше силен мандат за да ги продолжи реформите за ревитализација на јапонската економија.