Ријад: Оценка на американскиот државен потсекретар за терористичкиот напад

Американскиот државен потсекретар Ричард Армитаж во Ријад изјави дека е очигледно оти самоубиствениот напад со автомобил бомба врз странските работници во кој загинаа 17, а беа повредени 120 лица има за цел да го свргне од власт кралското семејство во Саудиска Арабија. Соединетите Држави и Саудиска Арабија се сомневаат дека зад нападот во саботата ноќта стојат милитанти поврзани со Ал Каеда.