Пекинг: Киро Глигоров од утре во посета на Кина

Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров од утре до 17 овој месец ќе престојува во Кина на покана од кинеската влада. За време на посетата Глигоров предвидено е да оствари средба со кинескиот министер за надворешни работи. Тој ќе одржи предавање во Кинескиот народен институт за надворешни работи на тема Актуелната ситуација во Југоисточна Европа. Покрај Пекинг, Глигоров ќе посети и градовите Шангај и Далијан, кој е збратимен град со Охрид.