Техеран: 34 загинати во две сообраќајни несреќи во Иран

Во две сообраќајни несереќи во централниот дел на Иран загинаа 34 лица, а десет се повредени. Според полицијата, автобусот полн со патници се судрил со камион. По првиот судар, на двете возила налетал друг камион. Според првичните резултати од истрагата првата несреќа била предизвикана од автобусот, бидејќи тој ја преминал во спротивната лента на патот по која се движел камионот.