Костур: Утре средба на министрите за одбрана на Македонија, Албанија и Грција

Министрите за одбрана на Македонија, Албанија и Грција утре ќе се сретнат во Грција. Теми на разговорите како што е најавено се поддршката што Грција им ја дава на Македонија и Албанија во нивните подготовки за членство во НАТО и унапредување на трилатералната соработка на воен план. Македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски и неговите колеги од Грција и Албанија, Јанос Папантониу и Пандели Мајко ќе разговараат и за мерките за регионална стабилност и за соработката на полето на одбраната на земјите од Југоисточна Европа.