Вашингтон: Лицата со престој во САД, а на служба во армијата ќе добијат државјанство

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри законот според кој на лицата кои имаат легален престој во Соединетите Држави, а се на служба во американската армија, им се овозможува да добијат државјанство. Овие лица ќе можат да стекнат американско државјанство по една година служба во армијата.