Саудиска Арабија: Затворени сите американски мисии од безбедносни причини

Сите американски мисии во Саудиска Арабија денеска се затворени од безбедносни причини, поради информациите дека се подготвуваат терористички напади. Американската амбасада во Ријад соопшти дека има релевантни податоци оти терористите преминуваат во оперативна фаза и ги повика сите американски граѓани во Саудиска Арабија да бидат крајно претпазливи. Од Вашингтон е испратено предупредување и дека талибанците во Авганистан планираат да киднапираат новинари.