Прага: Отфрлени наводите дека во Чешка има ќелии на Ал Каеда

Чешките разузнавачки и безбедносни структури ги отфрлија информациите од германските колеги дека во Чешка има ќелии на терористичката мрежа Ал Каида. Во реакциите од Прага се вели дека е можно терористи да оперираат и од Чешка територија, но само поединечно.