Багдад: Британскиот претставник во Ирак предупредува на бурна зима

Британскиот специјален претставник во Ирак, Џереми Гринсток оцени дека сојузничките сили во таа земја ќе се соочат со бурна зима и оти терористите се обидуваат да предизвикаат анархија. Тој упати критики до Иран, Сирија и Саудиска Арабија дека не превземаат соодветни мерки за спречување на герилците да влегуваат во Ирак. Гринсток најави дека британските војници ќе останат во Ирак и во 2005-та година, а претставници во Вашингтон најавија испраќање дополнителни американски војници во наредната година.