Приштина: Американскиот државен потсекретар разговараше со косовските лидери

Американскиот државен потсекретар Марк Гросман синоќа во Приштина разговараше со косовските лидери, со меѓународните претставници и со припадници на малцинските заедници за работниот план за стандардите на Косово, пред почнувањето преговори за финалниот статус. Учесниците во разговорите оценија дека се согласиле околу работниот план на американскиот дипломат, за кој не се соопштени детали.