Вашингтон: Според Волфовиц, повеќето Ирачани ги поддржуваат САД

Американскиот заменик секретар за одбрана Пол Волфовиц по престојот во Ирак синоќа во Вашингтон изјави дека се повеќе ирачани го поддржуваат американското присуство во таа земја. Тој наведе дека тоа го покажуваат најновите испитувања на јавното мислење во Ирак. Оваа изјава Волфовиц ја даде само неколку часа откако во текот на ноќта уште еднаш бил нападнат штабот на сојузничките сили во Багдад.