Багдад: Еден војник загина, а еден ранет во бомбашки напад

Еден војник загина, а еден е ранет во бомбашки напад во Багдад, соопшти портпаролот на американската војска. Инцидентот е предизвикан од импровизирана експлозивна направа. Инаку силите предводени од Соединетите држави во Ирак секојдневно се соочуваат со напади во Багдад, но и во други ирачки градови.