Вашингтон: САД решени да го поразат тероризмот, изјави Рамсфелд

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека Соединетите Држави и натаму се решени да го поразат тероризмот и покрај вчерашниот трагичен ден во Ирак. Вкупно 19 американци загинаа вчера во неколку напади во Ирак, од кои 16 при соборување на хелкоптер во близина на Багдад.