Москва: Посета на израелскиот премиер

Израелскиот премиер Ариел Шарон од денеска е во посета на Москва. Како што јавуваат агенциите тој ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Михаил Касјанов и шефот на дипломатијата Игор Иванов. Со руските претставници тој ќе разговара за ситуацијата на Блискиот Исток и мировниот план за тој регион, како и за меѓународниот тероризам.