Софија: Втор круг од локалните избори

Во Бугарија денеска се одржува вториот круг од локалните избори. Социјалистичката партија која освои најмногу гласови во првиот круг се надева на победа. Во првиот круг втора беше десничарската партија на Демократски сили, а партијата на премиерот Симеон Саксобурготски беше трета со освоени 10 проценти од гласовите на избирачите.