Вашингтон: Загриженост на САД за замрзнувањето на акциите на нафтениот гигант Јукос

Соединетите Држави изразија загриженост поради тоа што руското државно обвинителство замрзна голем број акции на рускиот нафтен гигант Јукос. Портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер изјави дека таквиот потег покрена сериозни прашања за владеењето на правото во Русија. ,,Мислиме дека руските власти треба да ги отстранат страхувањата оти случајот Јукос е политички мотивиран“ изјави Баучер, додавајќи дека Соединетите Држави се заинтересирани за демократска Русија со слободен пазар.