Мосул: Најмалку двајцa Американци загинале во експлозија, саботажа на нафтоводот кај Тикрит

Најмалку двајца американци загинале, а уште двајца биле повредени во денешната експлозија на бомба во ирачкиот град Мосул, изјавија за Ројтерс припадници на ирачката полиција. Според нив, бомбата експлодирала во моментот кога минувал конвој американски возила. Агенциите јавуваат дека нафтоводот во близина на Тикрит гори откако врз него, како што се претпоставува, била извршена саботажа. Багдад денеска е парализиран по расфрлените летоци од непознати групи во кои се наведува дека денеска и утре се прогласени за денови на отпорот против окупацијата на Ирак.