Техеран: Денеска пристигнуваат инспекторите на агенцијата за атомска енергија

Инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска ќе пристигнат во Иран. Целта на посетата на оваа земја е да ги проверат информациите на Техеран за нуклеарна програма. Инаку ирански претставници во четвртокот ги доставија документите од нуклеарната програма до Агенцијата за атомска енергија.