Тикрит: Еден загинат и повеќе повредени во напад на хотел

Едно лице загина, а повеќе се ранети во ракетниот напад на хотел во ирачкиот град Тикрит, каде беше сместен и помошникот на американскиот секретар за одбрана Пол Волфовиц. По нападот Волфовиц изјави оти поради ова Соединетите држави нема да се откажат од напорите да го стабилизираат Ирак.