Багдад: Бучковски и Стамболиски во посета на Ирак

Македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски и првиот човек на генерал штабот, Методија Стамболиски од денеска се во посета на Ирак. Тие ќе го посетат контингентот на македонската војска кој е во составот на мировната мисија во Ирак, а ќе се сретнат и со претставници на командата на меѓународните сили во земјата.