Русија: Четириесетина рудари заробени во рудник во животна опасност

Четириесетина рудари заробени во еден рудник за јаглен во Русија се во смртна опасност поради константниот пораст на нивото на водата. Поплавата се случила вчера по што престанал да работи лифтот за излегување од рударското окно. Рударите се заробени на длабочина од осумстотини метри.