Киргистан: Отворање на руска воена база

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на отворањето руска воена база во Киргистан изјави дека е тоа неопходна и привремена мерка во борбата против тероризмот. Воздушната база Кант е во согласност со Договорот за Колективна Безбедност потпишан од Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан, Таџикистан и Казахстан и се наоѓа 20 километри од главниот град Бишкек, односно 40 километри од воздушната база што моментално ја користат Соединетите Држави.