Љубљана: Ноќва ослободен Агим Чеку

Словенечките власти ноќеска го ослободија поранешниот лидер на Ослободителна војска на Косово Агим Чеку кој вчера беше задржан на аеродромот во Љубљана. Чеку актуелен шеф на Косовскиот Заштитен Корпус беше притворен по потерницата на Интерпол издаена од српските власти, а е ослободен по барање на шефот на УНМИК Хари Холкери кој рече дека српската потерница е неважечка. Синоќа до доцна во ноќта во Приштина се одржаа анти словенечки протести поради апсењето на Чеку.