Лондон: Избори во Северна Ирска следниот месец

Британската влада денеска соопшти дека на дваесет и шести идниот месец ќе бидат одржани парламентарни избори во Северна Ирска. Датумот бил договорен меѓу лидерите на римокатолиците и протестаните во таа провинција. Работата на парламентот беше суспендирана пред една година откако британски ориентираните протестанти одбија да учествуваат во владата заедно со партијата Шин Фејн, политички сојузник на католичката Ирската републиканска армија додека таа герилска формација не биде целосно разоружана.