Швајцарија: Силна поддршка за десничарската Народна партија на изборите

Силна подршка на вчерашните општи избори во Швајцарија, според швајцарската телевизија, доби десничарската Народна партија која својот успех го гради врз строгата политика на азил. Агенцијата на Обединетиет Нации за човекови права ја обвини СВП за изборната кампања поради постерите во кои азилантите се пврзуваат со растечкиот криминал во Швајцарија. Солиден успех се проценува дека имаат и Социјал демократите и Зелените. Официјалните резултати се очекуваат во текот на денов.