Брисел: Жан Клод Трише именуван за гувернер на Европската Централна Банка

Претседателите и премиерите на 12 земји членки на евро-зоната синоќа во Брисел го именуваа французот Жан Клод Трише за гувернер на Европската Централна Банка. Тој од 1 ноември доаѓа на местото на холанѓанецот Вим Дујзенберг кој заминава во пензија со, како што се наведува, голем придонес за евро-интеграцијата.