Москва: Посета на премиерот Бранко Црвенковски

Македонскиот премиер Бранко Црвенковски, кој ја предводи владино-стопанската делегација на посетата во Русија, денеска во Москва имаше средба со претседателот на руската Дума Генадиј Селезнов. Црвенковски изјавил дека за Македонија односите со Русија се од нависок приоритет и оти треба да се интензивира економската соработка. Попладне, Црвенковски ќе разговара со рускиот премиер Михаил Касјанов.