Газа: Најмалку четири загинати во експлозија на бомба

Во денешната експлозија на, како што се претпоставува, поднетната бомба во појасот Газа загинале најмалку четири лица, а едно било рането. Агенциите, повикувајќи се на сведоци, јавуваат дека експлозијата се случила во моментот кога минувал конвој американски дипломатски возила и возила на ЦИА. Претставник на американската амбасада во Израел, одбивајќи да ги коментира извештаите дека жртвите биле американци, рече дека во конвојот не бил специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток Џон Волф. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.