Холандија: НАТО ги покренува силите за брза интервенција

НАТО денеска со церемонија во седиштетото на Северната команда во Холандија официјално ги покренува своите елитни сили за брза реакција. Во почетокот тие ќе бидат составени од околу шест илјади војници. Целосната операционализација на овие сили се очекува по три години кога тие би требало да бројат над дваесет илјади војници. Според планираното, силите за брза реакција ќе бидат во можност за помалку од пет дена да бидат распоредени насекаде во светот со цел да помогнат во мировни или во антитерористички операции.