Рафа: Израелските сили повторно влегоа во бегалскиот камп

Израелеските сили со 40 тенкови денеска повторно влегоа во бегалскиот камп Рафа не наидувајки на поголем отпор од палестинците. Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан ја осуди минатонеделната акција во Рафа во која беа убиени 8 палестински цивили. Израелските сили соопштија дека ја преземале акцијата за да ги унишат тунелите кои, според нив, палестинските милитанти имале намера да ги користат за криумчарење лансирни ракети.