Ирак: Еден американски војник загина

Еден американски војник загинал, а еден бил повреден кога нивното возило налетало на мина во северен Ирак. Од завршувањето на големите воени операции во Ирак досега, во разни инциденти, загинале 95-мина американски војници. Цивилниот администратор Пол Бремер, по вчерашниот самоубиствен напад во Багдад кога загинаа 6 лица, изјави дека нападите нема да ги запрат американските напори за демократизација на Ирак.