Тирана: Владејачката Социјалистичка партија победила на локалните избори

Владејачката Социјалистичка партија соопшти дека победила на вчерашните локални избори во Албанија, освојувајки мнозинство гласови во повеќе градови, регионални центри и општини. Според социјалистите, тие победиле во 8 од 12 градови, меѓу кои и во Тирана и Драч. Според изборната комисија, на изборите излегле 49 насто од гласачите, а првичните официјални резултати се очекуваат денеска. Изборите минале без инциденти.