Вашингтон: Продолжуваат напорите на Пауел за новата резолуција за Ирак

Американскиот државен секретар Колин Пауел продолжува со напорите кои ги прави во насока на усвојување на нацртот на резолуцијата за иднината на Ирак. На оваа тема Пауел телефонски разговарал со генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан и рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов. Анан во разговорот повторно нагласил оти драфтот на резолуцијата им дозволува мало влијание на Обединетите нации.