Бали: Три илјади луѓе се собраа на комеморацијата од нападите

Околу 3 илјади луге мегу кои и голем број на Австралијанци денеска се собраа на островот Бали во знак на секавање на 202 - те жртви кои настрадаа пред точно една година од напад на исламски екстремисти. На комеморацијата која се одржа со големо присуство на обезбедување, присуствуваше и австралискиот премиер Џон Хауард. Не ве заборавивме и никогаш нема да ве заборавиме, изјави Хауард во оваа прилика. Како што пред една година информираше полицијата бомбашкиот напад го извела локална терористичка мрежа за која се верува оти е поврзана со Ал Каеда.