Белград: Српскиот премиер Живковиќ оцени дека преговорите ќе бидат одржани

Српскиот премиер Зоран Живковиќ, во интервју за Радио Слободна Европа, оцени дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе бидат одржани без оглед на ставот на косовската делегација. „Ние сме подготвени. Состанокот е закажан и што се однесува до нас ние ќе бидеме таму на закажаното време“ изјави Живковиќ, додавајќи дека очекува тоа да го сторат и косовските претставници. „Дали тие ќе бидат таму или не, не зависи од нив, туку од некој друг. Сигурен сум дека тие ќе бидат приведени на овие разговори“ изјави српскиот премиер Зоран Живковиќ за Радио Слободна Европа.