Токио: Јапонскиот премиер распиша избори

Јапонскиот премиер Џуничиро Коизуми денеска го распушти Долниот дом на парламентот и распиша општи избори. Се очекува гласањето за сега испразнетите четиристотини и осумдесет пратенички места да се одржи на деветти идниот месец. Владејачката Либерално демократска партија на Коизуми се надева дека со овој потег ќе ја зацврсти доминацијата во парламентот. Главно прашање на претстојните избори ќе биде како да се спречи долготрајниот економски пад на една од најразвиените земји во светот.